Најновите 20 објави

Рождество на Пресвета Богородица

Бог, Кој почива на разумни престоли, денес на земјата свет престол си подготви; Оној што со мудрост ги утврди небесата, со Своето човекољубие духовно небо сочини, зашто од неполоден корен ни израсна сад живоносен – Својата Мајка. Господи, Кој си Бог на чудеса и надеж на безнадежните, слава Ти. (Стихира од вечерната богослужба на празникот)…

Слово за Рождество на Пресвета Богородица

Пресветата Мајка Божја се родила од престарени и неплодни родители во градот Назарет, кој се наоѓа на падината од гората, на три дена растојание од Ерусалим. Во цела Галилеја немало поомаловажен град, како Назарет: „од Назарет што може да биде добро“, - вака говореле Евреите, кога слушнале дека од таму се јавил големиот пророк Исус.…

Ватопедскиот Игумен Ефрем после тешката борба со коронавирусот советува сите да се вакцинираме

Игумен Ефрем Ватопедски Порака до сите антиваксери, како и до сите кои се колебаат да се вакцинираат против коронавирусот, испрати неговото високопреподобие, Архимандритот Ефрем, игумен на Свештената Обител Ватопед, преку своето интервју дадено минатиот четврток (9 септември, 2021) во емисијата „Αιχμές” на Кипарскиот телевизиски канал „Omega“. Пред неколку месеци игуменот, кој беше невакциниран, тешко се…

Илјадници поклоници пред чудотворната икона на Богородица на Крит

Секоја година на празникот на Рождеството на Пресветата Богомајка, илјадници православни верници доаѓаат на поклонение во храмот Панагија Антифонитрија во селото Мириокефала на Крит. Многу од нив за да Ѝ оддадат почит на нашата Владичица и Небесна Царица пешачат и цели километри пред да се поклонат на нејзината чудотворна икона што се наоѓа во овој…

Соопштение на Светиот Синод по повод пописот

Соопштение (13.09.2021 14:43) Сите православни христијани се повикуваат, при пописот на населението, да ја искористат можноста, во делот за религиозна припадност, да се изјаснат како православни христијани, бидејќи таа опција постои во методологијата за попишување, а попишувачите се обврзани таквата определба да ја заведат при пописот. Православен христијанин – е јасна и недвосмислена идентитеска определба…

Благодарењето – клуч за благодатта

,,Многу години поминаа, дете мое, додека да ја сфатам тајната за умножување на благодатта. Да научам како благодатта расте во срцето на човекот.‘‘ Тогаш бев уште послушник и љубопитно го прашав својот Старец: „Како расте благодатта, Старче? Во една прилика, како подвижник, еден ученик на Свети Јосиф Исихаст (големиот Старец којшто се упокои во 1959…

Двата ангели

Имаше во рајот два ангели кои Бог ги задолжи за врската помеѓу Него и луѓето и тие имаа за задача да ги пренесуват до Бога пораките и молитвите на луѓето. Едниот непрестајно леташе горе – долу, а другиот си почиваше на еден облак. Еден ден, оној кој постојано седеше без работа, го праша другиот: -…

Одново заблеска и со благодат нè озари божествената Литургија на Голем Крчин

Онаму каде што земјата и небото се допираат, каде чекорејќи ги пречекуваш првите сончеви зраци што душата ти ја милуваат, каде тивкиот ветер чиниш ти шепоти таинствени нешта и ретките растенија во различни бои мислата ти ја разигруваат, каде сетилата ти ги храни утринската песна што птиците ја пеат и целото твое битие бива разбудено…

Богослуженија во чест на бигорските ктитори

Молитвеното торжество во Бигорската Обител во чест на Претечевото славно Усекновение, вчера попладне беше заокружено со ктиторската вечерна богослужба, којашто, според црковната традиција, се служи на денот од храмовата слава. На свеченото вечерно богослужене, на кое претстоеше Неговото Преосвештенство, Епископот г. Партениј, освен нашиот велик небесен застапник, Светиот Јован Претеча и Крстител, молитвено го славевме…

Промоција на книгата „Иконата на Бистра: Закрилник на Православието“

Своевиден летопис за поновата историја на Бигорскиот Манастир Богодоличното славје на Бигорската слава во чест на Усекновението на пречесната глава на Свети Јован Крстител, годинава беше збогатена и со еден прекрасен настан – промоција на монументалното дело, монографијата „Иконата на Бистра: Закрилник на Православието“ од авторот г. Киро Кипроски. Промоцијата се одржа по завршетокот на…

Бигорски го слави својот Патрон, Свети Јован Крстител

Свети Јован е и се нарекува светилник на светлината. Се разбира, не е светилник што нè облева со материјална светлина, зашто тогаш не би бил постојан и непрекинат неговиот блесок, кој би се губел секогаш кога пред него би се исправела некаква пречка. Но е светлина што го покажува пресветлото блескање на Божјата благодат во…

Навечерие на Претечевото славно Усекновение

А ти, дете, ќе се наречеш пророк на Севишниот, зашто ќе одиш пред Господовото лице за да Му ги приготвиш патиштата Негови; и да му дадеш на народот Негов сознание за спасение, преку проштевање на гревовите нивни.Лука 1,76-77 Секој кој го слушнал Божјиот призив и со подготвено срце одговорил на него, станува благодатен сад од…

Да ги симнеме планините на гордоста

Слово на Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски и Игумен на Свештената Бигорска Обител г. Партениј, изговорено на Вечерната богослужба за празникот Усекновение на Чесниот Претеча, петок, 10 септември 2021 лето Спасителово Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! Чесни отци,Преподобни браќа монаси и сестри монахињи, Благочестиви Христијани, Му благодариме на Господа што и ова…

Слово за страдањето и мачеништвото на Свети Јован Претеча и Крстител

Глас се слуша во Рама, плач и ридање, и пискот голем: Рахила ги оплакува своите чеда и не сака да се утеши, зашто ги нема (Матеј 2,18). Кога Исус се роди во Витлеем Јудејски, Ирод четворовласникот го побара Младенецот за да го убие. Но ангел Господов му јави на Јосифа да Го земе Младенецот и…

За Божественото смирение (прв дел)

Свети Јован Лествичник ги собрал еднаш пустинските старци, за да му кажат што значи смирението. Тогаш секој зел збор и со скромност и длабочина го изложил својот животен опит. Еден рекол дека смирение е да ги заборавиш своите добри дела, да не ги паметиш и да не бидеш горд. Друг рекол дека смирение е  човек…

Сочувство по повод несреќниот настан во Тетово

Братството на Свештената Бигорска Обител, предводено од игуменот, Епископот г. Партениј, го изразува своето длабоко сочувство по повод синоќешниот несреќен настан во Тетово, во кој, при пожар во модуларна болница за болни од ковид-19, животот трагично го загубија 14 лица, а повеќемина беа повредени. Нашето братство со усрдност се моли за покој на душите на…

Честитка по повод Денот на независноста

Бигорски Манастир „Св. Јован Крстител“ Она што е воздухот за телото, тоа е слободата за човечката душа. Колку еден народ има поразвиено самосознание, толку повеќе тој ја цени слободата. (Ив. С.) 8ми септември 1991 година ја возгласи на целиот свет вистината дека Македонија е достојна за дарот на слободата и за самостоен државен живот. Братството…

Луѓето секогаш ќе зборуваат

Остави ги луѓето да зборуваат - тие секогаш ќе зборуваат и коментираат. Не живееме за да стекнеме добро име. Христос беше распнат како разбојник. Од Безгрешниот се возмутуваа, па зарем нема да бидат возмутени и од нас? Тие говореа против Христа и Пресвета Богородица, па зарем нема да говорат против тебе? Прашањето не е што…

Отворен дом за нега на стари лица во Бачковски манастир

Ова е првиот таков дом за стари свештеници и за други социјални случаи во Бугарија, кој се отвора најдоцна крајот на годината во познатиот древен манастир. До 1960 овој објект бил социјален дом. Сега е во процес на возобнова, која ја овозможија средства од државата и од приватни дарители. Наменет е за постари свештеници и…

Јеротеј Влахос: Црковните канони за време на пандемија

Навпактскиот митрополит Јеротеј Влахос испрати пастирско послание до верните, во кое наведува сведоштва од канонската практика на Црквата во врска со одговорноста на Христијаните за време на пандемии. Познатиот грчки епископ и теолог ги повикува верниците, особено свештениците, да не бидат индиферентни кон болеста, туку да ги ползуваат вакцините како заштитно средство, „освен доколку лекарот…