Најновите 20 објави

Посета на амбасадорот на Европската Унија во Бигорската Света Обител

По денешната претпладневна посета на Амбасадорот на Република Албанија, Бигорската Света Обител попладнево повторно беше удостоена со значајна чест: во нејзините благословени дворови пристигна и Неговата Екселенција г. Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија во земјава. Во духот на монашката гостољубивост, тој беше срдечно пречекан од Старецот на Обителта, Преосвештениот Епископ Антаниски г. Партениј. Во…

Посета на амбасадорот на Република Албанија во Бигорската Света Обител

Овој топол јулски ден, Бигорската Свештена Обител имаше чест да го пречека амбасадорот на Република Албанија во Скопје, Неговата Екселенција г. Денион Меидани. Амбасадорот оствари пријателска и срдечна средба со Старецот на Обителта, Епископот Антаниски г. Партениј, со кого разговараа за досегашните добри односи на Манастирот со албанската заедница и со Р. Албанија и за…

Учество на Бигорски на меѓународна конференција за улогата на религијата во современа Европа

По претходна покана од еминентните организатори – фондацијата Конрад Аденауер (KAS) и Центарот Вилфрид Мартенс за европски студии, Бигорскиот Манастир учествуваше на меѓународната конференција Религиска дипломатија помеѓу Истокот и Западот: улогата на религијата во современите европски процеси, што се одржа од 9 до 12 јули на островот Сирос, Грција. Претставник на манастирот беше нашиот собрат,…

Устоличен новиот Митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Во древниот соборен храм на Охридските архиепископи, храмот на Премудроста Божја во Охрид, денеска се случи уште еден свечен и молитвен настан. На Божествената Литургија, со којашто чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, архимандритот Георгиј беше хиротонисан и устоличен за нов митрополит на нашата Дебарско-кичевска епархија. Пред…

Апостолска Црква, апостолско служење – сведоштво на крстовоскресната љубов

Слово на Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј, изговорено на светата Литургија, во чест на светите првоврховни апостоли Петар и Павле на 29 јуни/12 јули 2025 лето Господово Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! Мили мои, во Символот на верата Светата Црква ја исповедаме како апостолска. Зошто апостолска? Затоа што тоа не…

Во духот на Светите Апостоли – пет години архиерејска прегратка

„Зашто, ако имате и на десетина илјади наставници во Христа Исуса, многу татковци немате, бидејќи јас ве родив во Исуса Христа преку Евангелието“ (1. Кор. 4,15) Со духовно веселие и благоговејно расположение, во нашиот свештен манастир изминато ноќоденство одекнуваше славословие кон светите и славни, сефални, првоврховни апостоли Петар и Павле, тие столбови на Црквата, коишто…

Апостоли на скапоцената благодат

Мислам дека нас апостолите Бог нè прикажа најпоследни, како осудени на смрт, бидејќи станавме глетка за светот - на ангелите и на луѓето. Ние сме безумни заради Христос, а вие сте мудри во Христос; ние сме немоќни, а вие сте силни; вие сте славни, а ние бесчесни. До овој час ние и гладуваме, и жеднееме,…

Славата на Бигорски – Раѓањето на најголемиот меѓу родените од жена

„Исаиевиот глас пророчки, денес се исполни, со зачнувањето на Јована, најголемиот од пророците. Ете, вели, ќе го испратам Ангелот свој пред лицето твое, кој ќе ти го приготви патот твој. Овој воин на небесниот Цар, што потрча пред Него, навистина ги исправи патеките на нашиот Бог, човек по природа, но ангел по житие; зашто прегрнувајќи…

Раѓањето на Претечата – зазорување на спасението

Слово на Неговото Преосвештенство Епископ Антаниски г. Партениј, изговорено на Божествената Литургија на празникот Раѓање на Свети Јован Крстител, на 24 јуни/7 јули 2025 лето Спасителово Во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух! Ја слушнавме, возљубени, од светото Евангелие според апостолот Лука, серадосната вест за раѓањето на великиот пророк, претеча и крстител Господов,…

Вториот Летен Камп по Вероучение во Битуше – продолжување на духовната мисија меѓу младите

Деновиве, во Бигорскиот скит посветен на светите сесловенски просветители и учители, браќата Кирил и Методиј, се одржа Вториот летен камп по Вероучение. Овој втор камп од вкупно шесте планирани, претставуваше уште една значајна можност за духовното воспитување и издигнување на најмладите генерации. Децата, исполнети со детска радост и љубопитност, беа вклучени во разновидни активности, меѓу…

Првиот Летен Камп по Вероучение во Битуше – прва духовна искра од младите генерации

Деновиве, со штедриот благослов и молитвената, татковска поддршка од нашиот Старец, епископот Антаниски г. Партениј, се одржа Првиот летен камп по Вероучение. Бигорскиот скит, посветен на сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј, сместен на излезот од живописното село Битуше, во падините на планината Дешат, ова лето за првпат собра триесетина млади луѓе…

Од Пресветата кон воплотениот Бог – иконата како таинство

Слово на Неговото Преосвештенство Епископ Антаниски г. Партениј, Игумен на Бигорската Свештена Обител, изговорено на празникот на иконата „Достојно ест“, на сеноќното бдение, по читањето на Евангелието на Светата Литургија Во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух! Мили мои, со синовска љубов и посветеност ѝ благодариме на Пресветата Владичица наша Богородица што и…

„Достојно ест“ – празникот на Онаа Која ја надминува секоја слава

„Достојно е, навистина, да Те блажуваме, Богородице…“ – овој смирен и благоговеен возглас, кој ангелски беше воспеан пред иконата на Пресветата Владичица во свештениот Атон, не е само текст за молитвено пеење. Со текот на вековите тој стана идентитет, вероисповедание на човечкото срце пред Неа – единствената меѓу созданијата која ја прими во себе исцело…

Трогателно погребение на жртвите од храмот на Светиот Пророк Илија во Дамаск

Денеска, вторник, 24 јуни 2025 година, беше отслужено опелото и погребението за душите на жртвите од терористичкиот напад врз храмот на светиот пророк Илија во Дамаск, Сирија. Исходното последование го отслужи Неговото Блаженство, Патријархот Антиохиски, во храмот на Чесниот Крст во населбата Касаа. По парастосот, телата на жртвите беа пренесени во храмот на Свети Илија…

Осветен храм на Свети Софрониј Атонски во Англија

His All-Holiness is joined by the monastic community of Saint John the Baptist in Essex, along with visiting hierarchs, clergy and Archons. (Photos by J. Mindala) Во присуство на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, во неделата на 22 јуни 2025 година, во местото Малдон, Англија, беше извршено осветувањето на новоизградениот параклис посветена на…

Соопштение за изборот на нов митрополит на ДКЕ

На денешната редовна седница на целосниот состав на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, за нов митрополит на овдовената Дебарско-кичевска епархија беше избран Високопреподобниот игумен о. Георгиј. Почитувајќи ја одлуката на Светиот синод, нашето монашко братство, предводено од Старецот, Епископот Антаниски г. Партениј, му упатува срдечни честитки на новоизбраниот и молитвени…

Духот слегува таму каде што владее љубовта

Слово на Неговото Преосвештенство Епископ Антаниски г. Партениј, за празникот Педесетница, изговорено на светата Литургија, на 8 јуни 2025 лето Господово Во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух! По милоста Божја, и во ова лето Господово сме удостоени да го прославиме великиот празник на Педесетницата – педесеттиот ден по најсветлиот настан на Воскресението…

Бигорскиот Сион – нова Горница на Педесетница

Во спокојната убавина на изминатата манастирска ноќ, таму каде што времето се допира со вечноста, Бигорски и оваа година за Духовден стана нова ерусалимска Горница. Како некогаш на Сион, така и овде, Светиот Дух – огнен, светол, тивок – слезе во црковната тајна на празникот Педесетница. „Педесетница ја празнуваме и доаѓањето на Духот…“, пееше Црквата,…

Задушница – споменот што го победува заборавот

„Јас сум воскресението и животот, кој верува во Мене, и да умре, ќе живее“ (Јован 11,25). Во светлината на ова ветување, во созерцателната тишина што ги обвива деновите пред светата Педесетница, кога Црквата се подготвува да ја прими полнотата на Светиот Дух, свештената Бигорска обител, верна на диханието на православното предание, со ревност и со…

Манастирската слава на Свети Јован Владимир – панигир на духовна убавина и љубов

Благочестие, духовно веселие, благодарност и молитвословие – сè што го допира срцето и го отвора умот кон небесната светлина, се слеа овие денови во благословената свештена обител на Свети Јован Владимир, близу Елбасан, каде што се прослави неговиот светол и благодатен годишен спомен. Беше тоа празник исполнет со величие и скромност, со светлина и благоговејност,…